Connect with us

Мамардашвили потпиша за Ливерпул, ама на „Енфилд“ ќе замине следното лето

Ливерпул постигна договор со Валенсија за трансферот на голманот Гиорги Мамардашвили. Грузиецот од следната сезона ќе се приклучи на „црвените“, но оваа сезона ќе ја помине на позајмица во Валенсија.


Мамардашвили, кој остави впечаток и со своите настапи за Грузија на ЕВРО 2024, ќе биде новата конкуренција на Алисон Бекер, кој следната сезона ќе има 33 години, а можеби и ќе замине од клубот.


Полошата вест за Столе Димитриевски, македонскиот голман кој ова лето дојде во Валенсија, е дека Мамардашвили ќе остане цела сезона на позајмица на „Месталја“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови