Милан по осум години се враќа во Лигата на шампионите откако успеа да слави со 0-2 во последното коло против Аталанта на гости. Техничкиот директор Паоло Малдини вели дека никогаш не се посомневал во квалитетите на тренерот Стефано Пиоли.
„Не мислам дека некој може да каже дека не сме заслужиле таков резултат. Особено гледајќи го начинот на кој се боревме цела сезона. Ние сме најмладиот тим во елитната дивизија на Италија. Играчите и тренерите завршија неверојатна работа. Никогаш не се сомневавме во квалитетите на Пиоли. Да не заборавиме од каде започнавме – загубивме со резултат 0-5 во Бергамо, каде синоќа победивме“, изјави Малдини.
Во последното коло од сезоната 2020/21 во Серија А, „росонерите“ ја победија Аталанта со 0-2 и го зазедоа второто место на конечната табела.
Покрај Милан во ЛШ ќе играат и шампионот Интер, третопласираната Аталанта и четвртиот на табелата, тимот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













