Борусија Дортмунд славеше со 1-0 против Келн со гол во последната минута од натпреварот. Максимилијан Бајер беше стрелец на победничкиот гол за „милионерите“.
До последните мигови, главен актер на мечот беше гостинскиот голман Марвин Швебе, кој одбрани неколку одлични шанси за Борусија во второто полувреме.
Гираси, Нмеча и Рајерсон неколкупати се обидуваа да погодат, но секогаш како победник излегуваше голманот на гостите.
Last-minute winner from Beier! 🔥🔥🔥
— B.Dortmund 📸 (@MediaBVB) October 25, 2025
1:0 #BVBKOE pic.twitter.com/4oTzy9S5Du
Сепак, во последните моменти Борусија успеа да го скрши отпорот на Келн. Максимилијан Бајер шутираше, топката мина низ многу нозе, а Швебе само ја закачи, но не доволно за да го промени правецот.
Со оваа победа, Борусија стави крај на низата од два натпревари без триумф и сега се наоѓа на третото место на табелата во Бундеслигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













