На Островот повторно е кризна ситуацијата со коронавирусот. Новиот вид коронавирус ги затегна мерките во Англија, а и премиерлигашите се на готовс затоа што тој се шири 60% побрзо. Во Арсенал веќе има неколку изолирани фудбалери, Њукасл подолг период се мачи со коронавирусот, Манчестер Сити исто така остана без Габриел Хесус и Кајл Вокер, а сега и Вулверхемптон издаде строга забрана за своите фудбалери.
Тие не смеат да се движат слободно и да одат да пазарат со супермаркет. Во клубот се посебно организирани, има служби кои ќе им обезбедат се што им е потребно на фудбалерите.
„Во клубот имаме служби кои ќе им набават се што им е потребно на фудбалерите, а тие се под строг надзор и добија забрана да ги напуштаат непотребно домовите, со посебна напомена да не излегуваат да пазарат во супермаркетите. Мораме да бидеме максимално внимателни и да ги избегнеме сите можни проблеми со коронавирусот. Тоа може да му создаде големи проблеми на тимот“, изјави менаџерот Нуно Еспирито Санто.
Вулверхемптон вечерва го пречекува Тотенхем на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













