Струга Трим Лум е таму каде што никој и не замислуваше дека ќе биде по првиот дел од сезоната. На врвот.
Единствено тренерот Срѓан Захариевски и фудбалерите веруваа дека овој тим може да ја исполни целта. Тој им влеа самодоверба, ги спои коцките во еден успешен мозаик, а тимот редеше победи уривајќи рекорди во Првата лига. Во завршницата малку стагнираше, но, сепак, успеа да мине прв низ целта оваа есен. Со тоа апсолутно ја наметнува кандидатурата за шампионската титула.
МАКФУДБАЛ го избра Срѓан Захариевски за најдобар тренер на полусезоната во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













