
Дојде на Чаир и веднаш наметна шампионски шарм. Го презеде Шкупи, успеа да го реконструира тимот, го убеди раководството на клубот од Чаир да донесе неколку големи засилувања, а тој успеа да ги вклопи во победнички тим.
Епилогот е очигледен, Шкупи е лидер на табелата по првиот дел од првенството, има седум бода предност пред првиот конкурент Академија Пандев и осум позитива во однос на актуелниот шампион Шкендија.
Цврст и стабилен во донесувањето на одлуките, го има неопходното искуство стекнато од интернационалната фудбалска кариера, а одлично го познава и македонскиот шампионат и што е потребно за да се биде првак од периодот во Вардар. Сето ова, Гоце Седлоски одново успешно го прави и во Шкупи.
Ќе рече некој, лесно е кога клубот ти ги носи потребните засилувања, но треба и да те одберат за носител на проектот.
Кај тренерите нема многу простор за импровизации, тој што ги има најдобрите резултати, најчесто е и најдобриот за изминатиот период.
Гоце Седлоски е МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
