ФК Скопје изгледа многу поинаку под раководство на Мирсад Јонуз. И што е најважно, почна да освојува бодови, дури и против најдобрите екипи во Првата лига. Откако во минатото коло направи сензација со триумфот над Шкупи (0-1) на Чаир, сега ФК Скопје го сопре и лидерот на табелата, тимот на Струга Трим Лум (1-1).
Добрата работа на Мирсад Јонуз очигледно дава ефект. ФК Скопје е сѐ уште далеку од безбеден тим на табелата, но има и доволно кола до крајот за да покаже дека овие резултати не се само периодичен напредок.
МАКФУДБАЛ го избра Мирсад Јонуз за најдобар тренер на 26.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













