Академија Пандев го промени стручниот штаб во зимскиот преоден рок. Замина Александар Васоски кој прифати интернационале предизвик и го презеде Сараево, а раководството на струмичкиот прволигаш одлучи да му даде доверба на Ѓорѓе Стојчев да биде главен тренер на тимот.
И на своето деби пред струмичката публика на официјален првенствен натпревар, Ѓорѓе Стојчев оствари убедлив триумф (5-0) над Скопје. Иако ривалот не е од самиот врв на македонскиот клупски фудбал, сепак, „петардата“ звучно одекна овој викенд.
Академија Пандев делуваше разиграно, агресивно и со нагласена желба за постигнување голови. Ваквото издание на тимот, на Ѓорѓе Стојчев му го донесе епитетот МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на 20.коло во Првата фудбалска лига.
Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski