
Шкендија блесна со целиот потенцијал. Кога беше потребно, во дербито со Македонија ЃП, за да го одбрани врвот на табелата. И не само што го одбрани, туку покажа дека е класа над другите. Победи во голем стил, со убедливи 5-0.
Тренерот Ернест Ѓока вели дека ова е вистинската Шкендија. Тој успеа да ги намести коцките во мозаикот иако ги немаше на располагање сите сили. Го прочита комплетно и го надмудри Жикица Тасевски. Заслужи да биде избран за МАКФУДБАЛ – ТРЕНЕР на 14.коло во Првата фудналска лига.
„Ова е Шкендија што сите ние сакаме да ја гледаме. Можеби денеска беше денот кога ни се вратија многу работи, кои на претходните мечеви како фортуната да ни ги одзема. Остваривме значаен триумф над противник кој имаше одлични игри и резултати во изминатиот период. Задоволен сум апсолутно од изданието на тимот и од тоа што постигнавме многу голови, а и секој што се најде во шанса знаеше да ја искористи. Покажавме дека имаме потенцијал да доминираме и без двајцата носители на играта кои денеска ни недостигаа, Алими и Ахмеди. Продолжуваме да бидеме фокусирани на секој нареден натпревар и јасно е дека Шкендија на секој меч оди на победа“, изјави Ернест Ѓока.
Во следното коло, Шкендија му гостува на Борец во Велес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Нов случај „Дани Алвеш“ во шпанскиот фудбал

Женски фудбал
Фудбалерките поразени од Косово

Евро-фудбал
Халанд сака да си замине од Манчестер Сити?
