
Пелистер успеа да оствари триумф (3-1) против Ренова и обезбеди три важни бода против директен конкурент за опстанок. Димитар Капинковски одлично ги вкомпонира и новите засилувања Омар Гоудијаби и Дарко Размоски кои беа главни актери и стрелци на мечот заедно со капитенот Борче Маневски кој погоди од пенал.
МАКФУДБАЛ го издвои Димитар Капинковски за најдобар тренер на 20.коло во Првата фудбалска лига.
„Ренова е квалитетна екипа, која сезонава играше во евро-куповите, имавме исти бодови и неизвесност во првенството и можам да им се заблагодарам на моите фудбалери за оваа победа. Дадоа максимум, срце на терен и остваривме значајна победа која ќе ни даде голем мотив за понатаму за да можеме да се надигруваме и да освојуваме бодови. Гоудијаби и Размоски постигнаа голови, се покажаа како правилни засилувања. Треба да го нагласам и враќањето на Танушев по пауза од четири месеци. Успеа да одигра дваесетина минути и се надевам дека ќе се комплетираме и ќе постигнуваме подобри резултати и ќе ја оствариме целта – опстанок во лигата“, изјави Димитар Капинковски по триумфот над Ренова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal