Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на нијанси со гол-разликата, а во водечкото трио со идентичен број бодови (37) се и Шкендија и Работнички.
Гостивар исто така имаше одлични игри изминатата полусезона, а од шампионот Струга Трим Лум се очекуваше повеќе, исто како и од Шкупи.
Во долниот дел од табелата, но со поглед да се задржи во „златната средина“ е и Брера, која потклекна во финишот, а потоа следи мешаница околу дното.
Вардар е тимот од кој се очекуваше многу повеќе, исто како и од Тиквеш, а Беса и Воска Спорт знаеја дека ќе имаат тешка задача во елитата.
МАКФУДБАЛ го избра најдобриот тим за првиот дел од сезоната во Првата лига, а тренерските заслуги ги поделија Горан Станиќ и Александар Васоски, кои беа одлични со Работнички и со Силекс.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
- ЃОРЃЕ ЏЕКОВ (СИЛЕКС)
- ЕГЗОН БЕЛИЦА (РАБОТНИЧКИ)
- КЛИСМАН ЦАКЕ (ШКЕНДИЈА)
- ИВАН ШУБЕРТ (СИЛЕКС)
- АЈДОГАН ОГУЗАН (ГОСТИВАР)
- ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА)
- АТДХЕ МАЗАРИ (РАБОТНИЧКИ)
- ДАРКО ДОДЕВ (СИЛЕКС)
- АЛИ РЕГБА (РАБОТНИЧКИ)
- ЛАНРЕ КЕХИНДЕ (СТРУГА ТЛ)
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
ТРЕНЕРИ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: ГОРАН СТАНИЌ/АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal