Пелистер му зададе силен удар на Вардар и го остави осамен на дното на табелата откако Мирко Ивановски постигна победнички погодок во дербито во Битола во 92.минута од мечот. Не беше Пелистер подобар ривал, но на крајот го собра кајмакот, затоа што вардарци не умееја да ги реализираат своите шанси преку Закариќ и Дијанеси.
Работнички и натаму го чува врвот по ремито без голови против Шкендија, но сериозно се доближија и Силекс и Гостивар кои славеа значајни победи на гостински терен.
Гостивар го освои Чаир, а Силекс успеа да слави против Брера во Струмица.
Воска и Тивеш исто така одиграа без голови, а потоа повеќе пишуваа соопштенија отколку што направија во текот на мечот.
МАКФУДБАЛ го избра најдобриот тим за 13.коло во Првата фудбалска лига. Го предводи стратегот на Пелистер, Влатко Костов.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 13.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА
- ЉУПЧЕ ЏЕКОВ (СИЛЕКС)
- БОЈАН РАЈКОВ (СИЛЕКС)
- ЕМАНУЕЛ МБЕНДЕ (ГОСТИВАР)
- РАШИД СОДИК (РАБОТНИЧКИ)
- ЗЕНИ ХУСМАНИ (ГОСТИВАР)
- СТЕФАН ЈЕВТОСКИ (СТРУГА ТЛ)
- ЕЛВИС МАШИКЕ (ГОСТИВАР)
- ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА)
- ДИН АЛОМЕРОВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
- МИРКО ИВАНОВСКИ (ПЕЛИСТЕР
- ЛАНРЕ КЕХИНДЕ (СТРУГА ТЛ)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ВЛАТКО КОСТОВ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski