Струга ТЛ е во криза, падна и главата на тренерот Шпетим Дуро, откако шампионот загуби втор меч по ред, овојпат во Кавадарци. Тиквеш е хит на сезоната, а Шкендија со „лудиот“ пресврт и триумф против Брера сега е во пол-позиција.
Но, веќе во сабота ќе треба да го потврди и на Чаир во дербито со Шкупи.
Вардар оствари капитална победа против Брегалница во Штип.
Гостивар покажа дека е навистина силен тим со триумфот против Шкупи.
Работнички игра „романтично“ со Горан Станиќ на кормилото, а исто така и Воска откако ја презеде Срѓан Захариевски.
МАКФУДБАЛ го избра најдобриот тим за 30.коло во Првата лига, а го предводи стратегот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 30.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА
- ИГОР АЛЕКСОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
- ДАРКО ИЛИЕСКИ (ВОСКА СПОРТ)
- АНДРЕЈ КИРОВСКИ (ГОСТИВАР)
- ДАНИЕЛ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
- МИЛЕ ТОДОРОВ (ТИКВЕШ)
- КРИСТИЈАН СТОЈКОСКИ (ТИКВЕШ)
- МАРСЕЛИН ГАНДО БИАЛА (РАБОТНИЧКИ)
- АЛЕКСА МАРУШИЌ (ВОСКА СПОРТ)
- МАРЈАН РИСТОВСКИ (ВАРДАР)
- АЛМИР АГАНСПАХИЌ (ШКЕНДИЈА)
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (СТРУГА ТЛ)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЃОРЃИ МОЈСОВ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski