Повеќе од интересен шампионат на Истокот каде четири екипи рамноправно се борат за прволигашката промоција. Беласица го доби дербито со Тиквеш на гостувањето во Кавадарци, а Брегалница убедливо славеше во пресметката против Кожуф. На Западот, реми меѓу Лабуништа и Струга, Скопје убедливо победа а Охрид ја изненади Дрита во Боговиње.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 9. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. БЛАГОЈЧЕ ИВАНОВ (ПОБЕДА)
Победа загуби на гостувањето против Кит Го, но и покрај тоа ако некој треба да се издвои од составот на прилепчани дефинитивно е голманот Иванов кој одлично бранеше потклекнувајќи, и покрај постојаниот притисок на домашниот, во самиот финиш од мечот.
2. ЈОРДАН СРЕФАИМОВСКИ (БЕЛАСИЦА)
Уште една квалитетна партија за десниот бек на струмичани, максимално борбен, постојано активен значајно придонесувајќи за триумфот на својот тим.
3. ДЕЈАН ЛЕСКАРОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Искусниот дефанзивец уште еднаш на висина на задачата во ремито во дерби пресметката против Пелистер.
4. ИЛЕ СИНЕВ (КИТ ГО)
Квалитетен натпревар за централниот дефанзивец кој во последните секунди од средбата го донесе и победничкиот гол за својот тим.
5. МАРТИН ШИШКОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Брегалница се врати со убедливите изданија. Лесен триумф против Кожуф во кој Шишков постигна прекрасен погодок.
6. ГОРАН ЗДРАВКОВ (КАМЕНИЦА САСА)
Вообичаено еден од клучните играчи во тимот на Саса, стрелец и на гол за триумф на гостувањето против Осогово.
7. ИВАН НАСТЕВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Двоен стрелец во триумфот на штипјани против Кожуф за приклучок со водечката тројка на табелата.
8. ВИЛДАН КЕРИМ (СКОПЈЕ)
Највпечатлив во тимот на Скопје во победата од 4-2 против Гостивар. Стрелец на два погодоци.
9. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (БЕЛАСИЦА)
Повторно е играчот на колото во второлигашката конкуренција. Момчето кое го реши дербито во Кавадарци, со два гола носејќи гостинска победа за Беласица.
10. АНДРЕЈ КУДИЈАН (ПЛАЧКОВИЦА)
Творецот на победата на Плачковица, стрелец на единствениот гол на натпреварот за триумф против Питу Гули.
11. ИГОР КЛЕЧКАРОСКИ (ОХРИД)
Охриѓани полека навлегуваат во неопходниот второлигашки ритам. Изненадувачка, но заслужена победа на гостувањето против Дрита благодарение на голот на Клечкароски кој рутински реагираше пред голот на домашните по акцијата и извонредната асистенција на Целески.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski