
Шкупи веќе се издвои како екипа која сезонава максимално рамноправно ќе се бори со Силекс и Шкендија за врвот во Првата лига. Чаирчани дојдоа до значајна победа против Пелистер во 4. коло кое го одбележа и киксот на Шкендија против Борец на домашен терен. Силекс продолжува со одличните игри триумфирајќи во Кратово против Ренова.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 4. коло од сезоната 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига:
1. МАРКО АЛЧЕВСКИ (АК. ПАНДЕВ)
Запиша квалитетен натпревар за прва победа на Академија Пандев сезонава. Сигурен на голот, интервенирајќи одлично во неколку наврати спречувајќи погодок на Струга ТЛ.
2. ФИЛИП РИСТОВСКИ (БОРЕЦ)
Беспрекорно борбен во одбраната, активен и во офанзивните задачи, одлично ја блокираше десната страна пред голот на својот тим.
3. СТЕФАН ЛАЗАРЕВИЌ (ВАРДАР)
Се најде на централната дефанзивна позиција на градското дерби со Работнички и одлично си ја заврши својата задача.
4. СТОЈАН СТОЈЧЕВСКИ (БОРЕЦ)
Во континуитет беспрекорен во одбраната на велешани на стартот од сезоната. Квалитетен натпревар и против Шкендија, клучна алка во одбраната пред налетите на домашните.
5. ДАРКО ГЛИШИЌ (ШКУПИ)
Уште еден квалитетен натпревар на левокрилниот дефанзивец на чаирчани, кој покрај дефанзивата максимално активен и во офанзивните акции на Шкупи.
6. ОЛИВЕР ПЕЕВ (БОРЕЦ)
Средниот ред на Борец го понесе клучниот товар за позитивниот резултат на гостувањето против Шкендија. Пеев повторно се издвојува како една од клучните фигури на велешани околу креацијата на играта.
7. СЕФЕР ЕМИНИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Одличен натпревар за младиот Емини. Постигна прекрасен погодок со кој беше најавена победата на „лавовите“ против Беласица.
8. ДАРКО МИЦЕВСКИ (ВАРДАР)
Еден од најдобрите поединци на Вардар кој изненади и успеа да „украде“ бод на мечот со Работнички. Постигна убав гол во ремито со „романтичарите“.
9. ПЕПИ ЃОРЃИЕВ (СИЛЕКС)
Најдобриот во победата на Силекс против Ренова. Двоен стрелец за победа од 3-1.
10. ДАРБО ДЕМБО (ШКУПИ)
Веќе се издвои како најдобар фудбалер во македонската лига на стартот од новата сезона. И шести гол во четвртиот натпревар, овој пат клучен за победата од 1-0 против Пелистер.
11. МАРИО КРСТОВСКИ (АК. ПАНДЕВ)
Академија Пандев конечно дојде до победа и три бода. Марио Крстовски го постигна единствениот погодок на мечот, во финишот од средбата, за значаен триумф против Струга Трим Лум.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Рома со пресврт до триумф против Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тотенхем остана непоразен на „Итихад“ (ВИДЕО)
