Вардар не успеа сезонава да стигне до победа против Шкендија ремизирајќи без голови во 28. коло. Резултат кој дефинитивно веќе ги носи тетовци на патот кон одбрана на шампионската титула. Интересен меч беше одигран во Тетово каде Работнички со 1-2 славеше против Ренова, додека Македонија ЃП ремизираше со Академија Пандев.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 28. коло во Првата лига.
1. РИСТО ЈАНКОВ (РАБОТНИЧКИ)
Најзаслужниот за триумфот на „романтичарите“. Одличен во поголемиот дел од мечот, за да сето тоа го заокружи на најдобар можен начин со одбранет пенал во 81. минута кој донесе нови три бода за Работнички.
2. МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
Максимално активен на дерби пресметката против Вардар. Одличен и во дефанзивата во второто полувреме кога домашните силно притиснаа во желбата за триумф.
3. КРИСТИЈАН ФИЛИПОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Го постигна еден од најубавите погодоци во колото со кој успеа да извлече реми за својата екипа во пресметката против Академија Пандев.
4. ЕМИЛ ВИЈАЧКИ (РАБОТНИЧКИ)
Уште едно квалитетно издание за бугарскиот интернационалец во редовите на Работнички. Покрај во одбраната овој пат партиципираше и со погодок во триумфот против Ренова.
5. БУЈАМИН АСАНИ (ПОБЕДА)
Еден од најактивните во редовите на Победа. Беспрекорен во извршување на дефанзивните задачи но и контрола во средниот ред каде се ‘кршеше’ натпреварот против Беласица во Струмица.
6. ОЛИВЕР ПЕЕВ (РАБОТНИЧКИ)
Повторно во центарот на вниманието во средниот ред на Работнички. Ново одлично издание по она на Чаир, и повторно зачинето со погодок.
7. БЕСАР ИСЕНИ (ШКУПИ)
Еден од најдобрите во редовите на Шкупи во триумфот против Силекс. Беспрекорен во средниот ред а асистираше и за вториот гол на својот тим.
8. ХУАН ФЕЛИПЕ (ВАРДАР)
Нова квалитетна партија на бразилскиот интернационалец кој е моторот во составот на Вардар. Доминантен во второто полувреме кога „вардарци“ беа и подобар противник од Шкендија но не успеаја да дојдат до посакуваниот погодок.
9. МУХАРЕМ СУХЕЉ (ШКУПИ)
Играч на натпреварот во Чаир. Го изнуди пеналот по кој Шкупи поведе преку голот на Рон Броја а потоа и самиот стрелец во триумфот од 2-1 против Силекс.
10. ДАНИЕЛ МИЛОВАНОВИЌ (АК. ПАНДЕВ)
Уште еднаш ефикасен во нападот на „пандевци“. Постигна убав погодок за водство во ремито на гостувањето против Македонија ЃП.
11. ДУШАН САВИЌ (БЕЛАСИЦА)
Успеа да донесе барем бод за Беласица во непосакуваното реми против прилепска Победа на домашен терен.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: БАЖЕ ЛАЗАРЕВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Работнички ја враќа неопходна самодоверба и со втора гостинска победа по ред. Лазаревски успеа да го промени духот во екипата во која сега владее позитивна атмосфера и се врати победничкиот менталитет.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski