Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 26. коло!

Шкендија ја доби дерби пресметката со Академија Пандев, на тој начин стигнувајќи до првата своја победа против „пандевци“ на гостински терен. Тетовци, на тој начин, стигнаа и до +10 со бодовната предност во однос на Вардар кој ремизираше без голови против Победа во Охрид. Значајна победа за продолжување на битката за Европа извојува и Ренова против Шкупи.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 26. коло во Првата лига. 

1. ДАНИЕЛ КОТЕВСКИ (ПОБЕДА)

Младиот резервен голман на прилепци влезе во игра на почетокот од второто полувреме на дуелот против Вардар, поради повредата на првиот голман Тофилоски. И токму во полувремето во кое Вардар беше подобар противник на теренот и постојано атакуваше кон голот на Победа. Но, Котевски демонстрираше сигурност во неколку наврати бранејќи ги ударите на противничките фудбалери.

2. АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ (ПОБЕДА)

Квалитетна партија на Тимовски, и во дефанзивата, но и околу обврските за постојано покривање на средниот ред.

3. НЕНАД МИШКОВСКИ (РЕНОВА)

Уште една одлична игра на искусниот централен дефанзивец. Натпревар без примен погодок за „гипсарите“ за што во голема мера има сериозна улога и играта на одбраната.

4. ВИСАР МУСЛИУ (ШКЕНДИЈА)

Нова репрезентативна претстава на столбот на одбраната на Шкендија. Покрај стандардниот квалитет во дефанзивните задачи, Муслиу овој пат и најзаслужен за триумфот на својот тим од 0-1 против Академија Пандев постигнувајќи го единствениот гол на мечот.

5. ЏЕЛИЛ АБДУЛА (РЕНОВА)

Еден од најактивните во тимот на Ренова, постојано активен и во офанзивните задачи покрај неизбежните обврски во одбраната.

6. БУРХАН МУСТАФОВ (РЕНОВА)

Забележителна партија на Мустафов кој беше двигател на голем број акции на Ренова на дуелот против Шкупи, но и прецизен деструктивец во моментите кога беше повеќе од неопходна одбраната на победата.

7. ДАРКО АЛЕКСОВСКИ (СИЛЕКС)

Постојано активен во средниот ред на кратовци. Сигурен реализатор и на ударот од белата точка преку кој Силекс дојде до бод со Македонија ЃП.

8. ОМАР ИМЕРИ (ШКЕНДИЈА)

Одлична партија на младиот фудбалер. Квалитетна игра во средниот ред, асистент за единствениот погодок преку кој тетовци стигнаа до победата во Струмица.

9. ХРИСТИЈАН ДЕНКОВСКИ (БЕЛАСИЦА)

Влезе од клупата и донесе свежина во играта на струмичани на гостувањето против Работнички. Стрелец на единствениот гол за Беласица, одлично реализаторски реагирајќи во контранападот за водство.

10. ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ (РЕНОВА)

Уште еднаш ги потврди своите голгетерски способности. Мајсторски реагираше, постигнувајќи прекрасен погодок за триумф на Ренова против Шкупи.

11. НИКОЛА ШАРКОСКИ (РАБОТНИЧКИ)

И втор натпревар едноподруго носи реми за својата екипа. Повторно стрелец за Работнички, овој пат ефектно реагирајќи при израмнувањето на мечот против Беласица.                  

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЌАТИП ОСМАНИ (ШКЕНДИЈА)

Нова победа за Ќатип Османи на клупата на Шкендија. Неговата екипа одигра повеќе од доволно за да стигне до посакуваната победа во дерби пресметката против Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови