
Шкендија до врв ја наполни мрежата на очајниот Вардар, Шкупи во снежни услови го освои Кратово, а Академија Пандев оствари нов триумф и побегна од опасната зона на табелата.
Македонија ЃП во фотофиниш дојде до триумф против Ренова во Тетово, Беласица му „откина“ бод на Работнички, а Борец и Пелистер си поделија по еден бод.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 24.коло во Првата фудбалска лига.
- АЛЕКСАНДАР ВУЛИЌ (БЕЛАСИЦА)
Голманот на Беласица бранеше фантастично, одбрани неколку зицери и го спречи Работнички во намерата да оствари триумф во Струмица. - АБДУЛ РУАТУБЈАЈЕ (ШКУПИ)
Корпулентниот дефанзивец на Шкупи постигна клучен гол на мечот со Силекс, го врати резултатски Шкупи по негативата, а потоа тимот од Чаир дојде и до победа. - ЧАРЛЕСТОН (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Одбранбениот фудбалер на Македонија ЃП во улога на голгетер. Во последните мигови од мечот со удар со глава донесе триумф за „лавовите“. - ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одбраната на Пелистер издржа и освои бод во Велес против Борец, а тој беше како и секогаш „командант“ во последната линија. - ЛАМИНЕ ДИЈАК (ШКУПИ)
Царуваше на тешкиот терен за игра во Кратово со своите физички предиспозиции. Постигна и гол за пресврт и го трасираше патот на Шкупи до победата. - БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Ветеранот игра одлично на секој натпревар, вистински предводник на тимот на „лавовите“, пример за борбеност и дисциплина во играта. - ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)
Ги претрчуваше како „мали деца“ фудбалерите на Вардар, асистираше, постигна погодок и беше еден од најзабележителните во составот на Шкендија. - МАРЈАН РАДЕСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Ги влечеше конците во играта на својот тим во важниот триумф против Струга Трим Лум. Кога Радески игра на потребното ниво, Академија Пандев е силен тим. - БЕСАР ГУЏУФИ (БЕЛАСИЦА)
Младиот крилен играч на Беласица ја искористи можноста и постигна погодок кој долго ги мачеше фудбалерите на Работнички. На крајот донесе и бод за надеж за последнопласираниот тим на табелата. - БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
По подолг пост, Бесарт Ибраими конечно се размавна на дербито со Вардар. Беше двоен стрелец, асистираше и надмоќно ги надмудруваше противничките дефанзивци. - КРИСТИЈАН ВЕЛИНОВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Стрелец на победничкиот гол за Академија Пандев со кој тимот излезе од опасната зона.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЕРНЕСТ ЃОКА
Шкендија беше доминантна на дуелот со Вардар. Максимално ги мотивираше фудбалерите, неговиот тим максимално ја искористи секоја слабост на противникот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski