
Шкендија извлече победа во последен час против Пелистер, Шкупи го доби градското дерби против Вардар, а Силекс ја декласира Македонија ЃП во Ѓорче Петров. Академија Пандев му возврати на Работнички со триумф на арената „Тодор Проески“.
Борец оствари важна победа против Беласица во битката за опстанок, а Ренова издржа во Струга и со играч помалку.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 23.коло во Првата фудбалска лига.
- МАРКО ЈОВАНОВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Бранеше фантастично, успеа да го скроти и пеналот на Никола Прелчец и му даде победнички тек на својот тим. - ФИЛИП ГЛИГОРОВ (ШКУПИ)
Одигра квалитетно против Вардар, постигна фантастичен гол совладувајќи го Филип Илиќ од далечина. - ЏЕЛИЛ АБДУЛА (РЕНОВА)
Одбраната на Ренова издржа против Струга Трим Лум и покрај тоа што повеќе од едно полувреме играше со фудбалер помалку. Џелил Абдула имаше многу блокови, многу интервенции во сопствениот шеснаесетник. - КОСТА МАНЕВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Со него одбраната на Академија Пандев е многу посигурна. Од позадина започнуваат и смислени акции во градењето на играта. - ЛАМИНЕ ДИЈАК (ШКУПИ)
Доминира со физичките атрибути во средниот ред, преку него почнува безмалку секоја акција на Шкупи, пробива во офанзива, голем адут на Хасан Озер. - ТОМИСЛАВ ИЛИЕВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Доби многу дуели во средниот ред, Академија Пандев наметна своја игра против Работнички,а Илиев беше еден од најзабележителните играчи во тимот на гостите. - ВАЛМИР НАФИУ (ШКЕНДИЈА)
Влезе како резерва и се покажа како вистински џокер за Ернест Ѓока. Успеа да погоди во финишот и да донесе значаен триумф за Шкендија. - ДЕЈАН ТАНТУРОВСКИ (СИЛЕКС)
Стрелец на два гола во победата на Силекс над Македонија ЃП. Одигра одличен натпревар, мотивиран против „лавовите“. - МАРЈАН РАДЕСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Се врати во репрезентативна форма и тоа веднаш е квалитет повеќе за составот на Академија Пандев. Беше незадржлив во офанзивниот дел но и претрча многу комплетно одговарајќи на тактичката поставеност на тимот. - МАРИО КРСТОВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Го постигна водечкиот гол за Академија Пандев, одлично реагираше со удар со глава, а потоа влезе во уште неколку можности за погодок. Беше перманентна опасност по голот на Работнички. - ЕДИ БАША (БОРЕЦ)
Човек на одлука за Борец по важниот натпревар против Беласица во битката за опстанок. Го постигна победничкиот погодок.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ГОРАН СИМОВ (СИЛЕКС)
Силекс одигра одличен натпревар во Ѓорче Петров, ги искористи своите шанси и стигна до убедлив триумф. Горан Симов успеа да оствари значаен успех во борбата за бегство од опасната зона на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
