Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 2. КОЛО!

Втората рунда натпревари веќе јасно ја издвојува сликата на екипите кои сезонава ќе се борат за шампионската круна во шампионатот, иако се издвојуваат состави кои најавуваат изненадувања. Шкендија и Шкупи се двата тима кои очигледно ќе се борат за врвот во првенството, Пелистер продолжува со одличниот старт на сезоната ремизирајќи на гостувањето против Силекс, а најголемо разочарување на стартот е Академија Пандев која на домашен терен загуби и од скромниот Вардар.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 2. коло од сезоната 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига:

1. БУРХАН МУСТАФА (БОРЕЦ)

Имаше неколку интервенции кои го издвојуваат и како еден од најдобрите голмани во првенството, сигурен на голот на Борец носејќи сигурност и за целокупната одбрана.

2. АРДИТ ИЛЈАЗИ (ШКУПИ)

Позитивно издание на десниот бек на чаирчани. Цврст во одбраната но и со сигурна контрола на средината од теренот.

3. ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)

Максимално сигурен како и секогаш. Иако без поголеми проблеми за одбраната на Шкендија сепак Бејтулаи носи неопходна цврстина за сигурност на дефанзивата.

4. СТОЈАН СТОЈЧЕВСКИ (БОРЕЦ)

Носи цврстина во одбраната на велешани, иако овој пат во финишот тимот ги загуби посакуваните три бода. Борец, во секој случај, потврдува дека ќе биде екипа која сезонава ќе се бори за горната половина на табелата.

5. ФИСНИК ЗУКА (РАБОТНИЧКИ)

Одличен натпревар за левокрилниот дефанзивец. Сигурен во одбраната и максимално активен во нападот, асистирајќи и за првиот погодок на „романтичарите“:

6. ЃОРЃИ ТАНУШЕВ (ПЕЛИСТЕР)

Потврди дека ќе биде големо засилување за тимот на Пелистер. Квалитетно издание на средината од теренот зачинето и со прв погодок во дресот на новиот клуб.

7. ИВАН ИВАНОВСКИ (СИЛЕКС)

Максимално ангажирана игра на Ивановски во средниот ред на Силекс. Сето тоа заокружено и со гол во ремито против Пелистер.

8. ЕНУР ТОТРЕ (ШКЕНДИЈА)

Постигна одличен погодок со кој ја најави победата на Шкендија против Струга Трим Лум.

9. ФАХРУДИН ЃУРЃЕВИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Творецот на првата победа сезонава на Работнички. Реализатор на двата гола за „романтичарите“ за триумф против Беласица.

10. ДАРБО ДЕМБО (ШКУПИ)

Уште една одлична партија на Дарбо Дембо. По двата гола во првото коло против Шкендија, сега повторно стрелец и во победата од 3-1 против Македонија ЃП.

11. МАТЕЈ ЦВЕТАНОВСКИ (ВАРДАР)

Во апсолутно неквалитетниот фудбалски натпревар во Струмица, неговиот потег беше клучниот за триумфот на Вардар. Итро изнуди пенал во второто полувреме, по кој црвено-црните стигнаа до силно посакувани три бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови