Вардар со осум бода предност во однос на Шкендија заминува на паузата од сезоната 2019/2020 откако во дерби пресметката од последното есенско коло ремизираше (2-2) пред своите навивачи. Силекс, пак, очигледно на изненадување на многумина ќе се бори за европски излез откако убедливо со 3-1 славеше против Академија Пандев…, Македонија ЃП го освои Чаир, а Работнички прокоцка предност и од 1-3 на гостувањето против Ренова, па на крајот загуби со 4-3.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 18. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. МИКИЦА ЃОРЃИЕВСКИ (БОРЕЦ)
Одличен на голот на Борец на гостувањето против Струга ТЛ. Велешани стигнаа и до првиот бод на гостински терен есенва благодарение токму на одбраната и цврстината пред својот гол.
2. ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ (ВАРДАР)
Повторно еден од позабележителните на теренот во дерби пресметката против Шкендија, со многу истрчани километри на средината од теренот.
3. АРБЕН ТАФЕ (СТРУГА ТЛ)
Во континуитет, покрај основното задолжение во одбраната, носи и бодови за својот тим. Овој пат со гол придонесе да се избегне поразот од Борец.
4. ФИЛИП ТРАЈАНОВСКИ (БОРЕЦ)
Одбраната на Борец беше на сериозна мака на гостувањето во Струга, но ги издржа налетите на домашните извлекувајќи реми.
5. ГЛЕДИ МИЦИ (ШКЕНДИЈА)
Еден од најактивните во редовите на Шкендија. Максимално опасен и во офанзивата, партиципирајќи во поголемиот дел од акциите на гостите.
6. ВИКТОР СЕРАФИМОВСКИ (СИЛЕКС)
Беспрекорен во средниот ред каде се креираше резултатот против Академија Пандев. Стрелец и на погодок во убедливата победа од 3-1.
7. АЛИ АДЕМ (ВАРДАР)
Вообичаено еден од најдобрите во вардаровите редови. Вистински мотор во средниот ред, максимално сигурен во дефанзивните задачи а секогаш вклучувајќи се во нападот. Овој пат и стрелец на убав погодок во ремито со Шкендија.
8. ДАРКО ДОДЕВ (СИЛЕКС)
Нова одлична партија на Додев. Силекс комплетно ги надигра „пандевци“ а Додев стрелец и на еден гол во триумфот од 3-1.
9. РЕМЗИФАИК СЕЛМАНИ (РЕНОВА)
Творецот на победата на Ренова. „Гипсарите“ беа во загубена ситуација на мечот со Работнички, но од 1-3 успеаја да дојдат до триумф од 4-3. Селмани го постигна последниот погодок за три бода на Ренова.
10. ПАУЛО КАРВАЉО (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Го одбележа последното коло во Првата македонска фудбалска лига. Постигна хет-трик за голема победа на Македонија ЃП од 2-3 на гостувањето против Шкупи.
11. ОМАР ИМЕРИ (ШКЕНДИЈА)
Момчето кое не дозволи пораз на Шкендија на гостувањето против Вардар. Одигра одличен натпревар крунисан со два гола во ремито од 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal