Вардар и втор едноподруго натпревар во домашниот шампионат не успеа да дојде до триумф, па сето тоа го користи Шкендија која од -12 сега веќе дојде на -7 бода од лидерот. Шампионот со убедлива победа од 6-1 против Ренова во тетовската пресметка веќе покажува дека навлегува во посакуваниот ритам со кој до крајот на есенскиот дел ќе се обиде да дојде до поднослива негатива во однос на водечките Вардар и Академија Пандев. Работнички, пак, и натаму тоне на дното овој пат со пораз од Македонија ЃП.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 15. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. ДАНИЕЛ БОЖИНОВСКИ (СИЛЕКС)
Квалитетен натпревар за чуварот на мрежата на кратовци кој во неколку наврати одлично интервенираше не дозволувајќи погодок во својата мрежа на гостувањето против Борец во Велес.
2. МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
Повторно одличен меч за десниот бек, максимално сигурен во дефанзивата но постојано активен и во нападот асистирајќи и во триумфот од 6-1 против Ренова.
3. ЕСМИН ЛИЧИНА (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Сигурен, цврст, беспрекорен во одбраната, максимално спречувајќи ги заканите од противничките офанзивци.
4. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (БОРЕЦ)
Бескомпромисен во дефанзивните редови, соодветно одговарајќи пред серија напади на кратовци во пресметката која заврши без голови.
5. РЕИС ЖУНИОР (ВАРДАР)
Одличен во првото полувреме, максимално активен по левата страна, постигнувајќи го и единствениот гол за Вардар во ремито со Шкупи.
6. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Уште еден натпревар за одбележување на искусниот Божиновски. Стрелец и на еден од головите во триумфот над Работнички од 2-0.
7. ДИАК ЛАМИНЕ (ШКУПИ)
Постигна прекрасен погодок кој донесе бод за Шкупи на гостувањето против лидерот Вардар.
8. АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
Повторно еден од најзабележителните во редовите на Шкендија во убедливата победа од 6-1 против „гипсарите“. Постигна и убав погодок.
9. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Расположен за игра во тетовската градска пресметка. Асистираше но и постигна прекрасен гол во убедливата победа.
10. ДЕЈАН ЦВЕТАНОСКИ (СТРУГА ТЛ)
Стружани продолжуваат со квалитетните игри. По претходната победа над Вардар, овој пат до реми на гостувањето против Академија Пандев. Цветаноски го постигна голот за реми во Струмица.
11. АЛЕН ЈАШАРОСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Секогаш стандарден со играта во дресот на „лавовите“. Овој пат еден од најзаслужните за триумфот од 2-0 против Работнички, постигнувајќи го и првиот гол како најава за трите бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski