Connect with us

Недим Хаџиќ – ново засилување во нападот на Башкими

Башкими додаде ново име во својот ростер за предизвиците во ПМФЛ. Недим Хаџиќ, напаѓач кој доаѓа од Босна и Херцеговина, ќе биде засилување во нападот на повратникот во фудбалска елита.

26-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на хрватски Оријент, а има играно во екипите на Сараево, Младост Какањ, Слобода Тузла, Вележ и ГОШК. Во неговото интернационално искуство стојат настапите во Радомље од Словенија, како и Славен Белупо од Хрватска. Кратко бил дел и од португалски Лешоеш.

Хаџиќ настапувал за младите категории на босанската репрезентација.

Башкими денеска ги стартува подготовките за новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови