
Македонија ЃП оствари важен триумф на гости (1-2) против Скопје и се приближи до средишниот дел од табелата. На Автокоманда блескава партија прикажа фудбалерот за врска, Сефер Емини. Ги извлече „лавовите“ од бездната и негативата со два фантастични гола ја претвори во успех.
Првиот гол го постигна со одлично изведен слободен удар, а потоа уште еднаш ја демонстрираше силината на шутот откако погоди од 30 метри за триумф на Македонија ЃП.
Со своето издание против Скопје, иако имаше огромна конкуренција во Мартин Мирчевски и во Давид Денковски, Сефер Емини е избран за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА КОЛОТО. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА 14. КОЛО.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
