Работнички доцна влезе во победнички ритам, но конечно почна да прикажува игри какви што се очекуваат од квалитетот што го поседува составот на Горан Станиќ. Атдхе Мазари е еден од најпробивните играчи во Првата лига и кога е во елемент знае да ги тероризира противничките одбрани.
Крилниот напаѓач на „романтичарите“ постигна два гола во триумфот (3-1) против Тиквеш, а првиот беше вистинско ремек дело. Ја прифати топката на гради и со акробатски волеј удар ја распара мрежата на ривалот.
МАКФУДБАЛ го избра Атдхе Мазари за најдобар играч на 31.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













