
Вардар се одвои на врвот, а тимот на свои плеќи, барем кога се погодоците во прашање, го носи Даниел Аврамовски. Популарниот Цујо игра во одлична форма оваа сезона, го почувствува тоа и одбраната на Работнички во градската пресметка која „црвено-црните“ ја добија со 0-2.
Аврамовски беше стрелец на двата гола, првиот од слободен удар, кога погоди со мала помош и на живиот ѕид, а вториот по одлично реализиран противнапад. Со одличното издание го заслужи и епитетот најдобар играч на 12.коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
Даниел Аврамовски по 12 одиграни кола се наоѓа и на врвот на листата на стрелците во шампионатот заедно со марин Јурина од Шкупи. И двајцата имаат постигнато по седум гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal