Македонските фанови кои сакаат да патуваат за Букурешт и да ги следат натпреварите на националниот тим на Европското првенство нема да имаат проблем за влез во земјата. Од 21 мај, Македонија е на „зелената листа“ за патување во Романија поради значителното намалување на бројките на новозаболени и хоспотализирани од Ковид-19 и донесена одлука да не бидат потребни ниту ПЦР – тестови, ниту потврда за вакцинација.
Ова е одлична вест за македонските навивачи, но главниот проблем е малиот број билети за натпреварите на Македонија на Европското првенство. Можеби во последен момент УЕФА ќе дозволи и зголемен капацитет на трибините на Националната арена во Букурешт?!
Фудбалската репрезентација на Македонија во Букурешт ќе игра два меча на ЕП, против Австрија на 13 јуни и против Украина четири дена подоцна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













