Македонските фанови кои ќе сакаат да ја бодрат фудбалската репрезентација на ЕВРО ќе имаат многу компликувано патување во Букурешт. Ако дојдат за фудбал, ќе мораат да ја напуштат Романија само 48 часа по завршувањето на натпреварот. Ова значи и дека ако го гледаат мечот со Австрија, ќе мора да ја напуштат земјата, а потоа повторно да дојдат на мечот против Украина од второто коло во групната фаза.
„Доаѓањето на навивачите ќе биде исклучиво за фудбалскиот натпревар, а не да се шетаат како туристи. Секој навивач од странство нема да може да се задржи повеќе од 48 часа. Оваа одлука е базирана на гаранциите кои Романија ги даде за да се дозволи присуство на навивачи, но да не се загрози јавното здравје, и да не добиеме исклучување од ЕВРО 2020“, објави Министерството за спорт на Романија.
Сето ова навистина ќе го отежни патувањето на македонските навивачи. Според најавите, на мечевите на Македонија во Букурешт ќе биде дозволено присуство на околу 13.000 навивачи, од кои веројатно една третина од билетите ќе бидат за Македонци.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski