Connect with us

Македонскиот фудбал доби и „италијански“ термини во Првата лига

Во претстојниот викенд на македонските фудбалски терени ќе се игра 15. коло од домашното првенство, а овојпат има и една новина.

Како што е веќе вообичаено од почетокот на сезоната, натпреварите се распоредени од понеделник до петок, но новитет е тоа што е воведен термин во кој досега не се играле натпревари.

Имено, дуелите во Битола и Струга, во кои домаќините ќе се соочат со Македонија Ѓорче Петров и Башкими, ќе започнат во 12:30 часот — термин што од почетокот на сезоната, а и во последните години, го немаше.

Останатите средби, Силекс – Арсими, Брера – Тиквеш, Вардар – Шкупи и Шкендија – Работнички, се закажани за стандардниот термин од 13:00 часот.

Распоред на натпреварите за 15.коло

28.11 Силекс – Арсими
29.11 Пелистер – Македонија ЃП
29.11 Брера – Тиквеш
30.11 Струга ТЛ – Башкими
30.11 Вардар – Шкупи
01.12 Шкендија – Работнички

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови