Фудбалската репрезентација на Македонија како дебитант ги собра симпатиите на Европа и на светот со својот настап на Европското првенство. Иако ги загуби сите три натпревари на ЕВРО, сепак, Македонија е вброена меѓу десетте вистински победници на Европското првенство.
„Фудбалот често се гледа преку објективот на големите сили, како на клупско, така и на меѓународно ниво. Големо внимание привлекуваат Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија. Разбирливо е. Но, спортот не е само за тие нации.
Спортот е и за оние како Македонија, која веројатно никогаш нема да победи на некој голем меѓународен турнир или да произведе златна талентирана генерација која ќе ги предизвика европските селекции. Македонија, и покрај тоа што ги загуби сите три натпревари во групата и прими осум гола, покажа дека не станува збор за аутсајдер. Овој тим, кој се пласираше на турнирот преку „полесната“ плејоф-патека во Лигата на нации, не изгледаше дека не е дел од ЕВРО според квалитетот.
Квалификациите за прво големо натпреварување му дадоа и на омилениот капитен Горан Пандев идеално испраќање. 37-годишниот фудбалер погоди еднаш и доби фантастично испраќање на неговиот проштален натпревар против Холандија.
Понекогаш, победа значи многу повеќе од само краен резултат“, вели специјализираниот „The Score“, за Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













