Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено 1-1 против соодветната селекција на Црна Гора во вториот контролен меч на тренинг центарот „ Петар Милошевски “.
Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски одлично го започнаа натпреварот, беа подобар противник и пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол во првите 30 минути од средбата. Во 36.минута, добрата игра нашата репрезентација ја круниса со погодок и водство од 1-0. Стрелец на голот за Македонија беше Бехар Фета.
Во продолжението Црна Гора притисна, нашите фудбалери се повлекоа и сето тоа резултираше со погодок во нашата мрежа. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Виктор Џукановиќ во 80.минута. Воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба.
Во 87.минута Aнтонио Мирков пропушти голема прилика да и донесе победа на нашата селекција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













