Connect with us

Македонија У17 во елитна фаза: Новиот систем на работа во младинскиот фудбал дава резултат

Македонската репрезентација до 17 години успеа да го оствари еден од најзначајните резултати во младинскиот фудбал последниве години со обезбедувањето пласман во Елитна фаза од квалификациите за Европско првенство. Македонија до 17 години се пласираше во Елитна фаза за првпат по 2017 години кога тогашната генерација предводена од Горан Станиќ успеа да ја мине квалификациската група за Елитна фаза.

Турнирот кои Фудбалската федерација на Македонија го организираше во Струмица, донесе одлични натпревари и силна конкуренција. Во група со Чешка, Унгарија и Гибралтар, младите надежи предводени од селекторот Влатко Колев одиграа дисциплинирано и со верба во успех, обезбедувајќи место меѓу најдобрите.

„Остваривме навистина одличен резултат. Во мошне тешка група успеавме да го избориме пласманот во елитните квалификации, а притоа во ниту еден момент не делувавме инфериорно ниту против Чешка, а уште помалку против Унгарија. Во третиот натпревар, кога бркавме и гол-разлика, момците покажаа карактер и верба. Ова е голем мотив за сите нас, но не застануваме тука. Ќе се подготвиме максимално добро за мартовските натпревари со најсилните селекции и можам да ветам дека ќе се бориме до последниот меч“, изјави селекторот Влатко Колев.

Пласманот на генерацијата до 17 години во елитна фаза квалификации за ЕП е јасен показател дека новиот пристап и систем на работа во младинскиот фудбал носат резултати. Промените во организацијата и пристапот кон развојот на младите фудбалери создаваат основа за напредок и континуитет. Успехот на оваа генерација фудбалери е најдобра потврда за тоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови