Connect with us

Македонија У17 ремизираше со Малта

Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Малта.


На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Тони Јакимоски одиграа под очекувањата и не успеаја да слават победа против селекцијата на Малта. Натпреварот заврши 1-1.
Македонија во првиот дел не успеа да наметне своја игра, многу тешко успеваше да се закани по голот на противникот. Никола Величковски ја имаше најдобрата шанса за Македонија по првите 45. минути.

Во продолжението од средбата, репрезентацијата на Малта ја казни нашата слаба игра и успеа да поведе со 1-0. Стрелец на голот за гостите беше Сеан во 56. минута.

Десет минути подоцна Македонија успеа да го изедначи резултатот. Одличното додавање на Ѓорѓиевски го искористи Дестан Адили за 1-1. Веднаш по постигнатиот гол, нашите млади фудбалери преку Стојилевски не искористија одлична можност за комплетен пресврт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови