Connect with us

Македонија У17 поразена од Албанија на вториот тест

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена од соодветната селекција на Албанија со 2-0 на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. Натпреварот беше одигран на стадионото Елбасан, во Албанија.


Младите репрезентативци предводени од селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за неколкуте прилики што не успеаја да ги претворат во гол на денешниот натпревар.

Противникот успеа да искористи неколку грешки во нашата одбраната и да слави победа.

Првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции што се одигра на стадионот на ФК Караорман во Струга, заврши без победник 3-3.

Македонија: Фљакрон Мемиши, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Никола Стојковски, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Мартин Јовановиќ, Алтин Алији, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Амар Хаџибулиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови