Македонската репрезентација до 17 години славеше со 3-0 против Црна Гора на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Нашата млада селекција им се реваншираше на врсниците од Црна Гора за поразот на првиот дуел меѓу двете селекции.
Капитенот Мартин Ѓорѓиевски во четвртата минута од пенал донесе водство за македонската репрезентација. Хадис Таири во 58. минута ја удвои предноста по центаршут на Ѓорѓевски, а конечните 3-0 ги постави Дестан Адили по еден час игра.
Црна Гора со истиот резултат славеше на првиот меѓусебен дуел.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













