
Репрезентацијата на Македонија до 15 години беше убедливо поразена од Словачка со 4-1 на контролниот натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Сенец.
Словачка беше подобар притивник во текот на сите 90. минути,сосесма заслужено издвојува убедлива победа. Првиот гол, домаќинот го постигна во 16. минута. Македонија успеа брзо да одговори на водството на Словачка и преку Каменчо Андоновски три минути покасно го израмни резултатот на 1-1.
Во периодот од 23 до 27 минута, Словачка постигна два гола за убедлива предност од 3:1.
На самиот старт од продолжението, во 46. минута, нашите млади фудбалери не ја искористија најдобрата можност преку Стефан Младеновски.
Фудбалерот на Македонија, се најде во одлична ситуација, сам пред противничкиот голман, но не успеа да погоди. Во 68. минути Словачка постигнува нов гол за предност од 4-1. Стефан Младеновски уште еднаш се закани по голот на Словачка, овој пат од слободен удар.
Македонија: Давид Илоски, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Александар Грашевски, Беркај Шаини, Златко Радевски, Каменчо Андоновски;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
