Connect with us

Македонија скокна пет места на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од пет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА, и од претходното 67. место сега се наоѓа на 62. позиција.

Овој скок во рангирањето е резултат на успешните настапи во јуни, кога Македонија освои бод на домашен терен против Белгија, одигрувајќи нерешено (1-1), а потоа славеше со 0-1 на гостувањето кај Казахстан во Астана.

Следниот предизвик за нашата репрезентација е натпреварот против Лихтенштајн, кој ќе се одигра на домашен терен на 7 септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови