Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции и сега се наоѓа на 71. место на најновата ранг-листа на ФИФА што денеска беше објавена од страна на светската куќа на фудбалот. Во изминатите триесетина дена нашиот национален тим не одигра ниту еден меч, но промената во рејтингот и скокот од 73. на 71. место се должи на падот на селекциите на Гвинеа и на Боливија, кои имаа слаб настап на Купот на Африкански Нации и на Копа Америка.
Кога станува збор за нашите ривали од групата за квалификации за ЕП 2020, најдобро рангирана е Полска (на 20. место), пред Австрија (27. позиција). Потоа следи селекцијата на Словенија, која е рангирана на 63. место, а зад Македонија на најновата ранг-листа се наоѓаат Израел на 84. позиција и Летонија на 134. место.
На врвот нема промени, Белгија се уште е прворангирана светска селекција, но Бразил по трофејот на Копа Америка ја прескокна Франција и сега се наоѓа на втората позиција. Најголем скок од сите светски репрезентации оствари Алжир, кој по освоената африканска круна оствари огромен скок од 28 позиции и сега се наоѓа на 40. место на ФИФА ранг-листата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













