
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Од одлична позиција во групата, септемврискиот сегмент многу ја расипа сликата, па сега заедно со трите порази од Европското првенство, „црвено-жолтите“ имаа непријатна низа од дури шест натпревари без победа.
Можеби и нема полесен начин да се прекине оваа низа од натпревар против најголемиот аутсајдер во групата, селекцијата на Лихтенштајн. Селекторот Благоја Милевски вели дека фудбалерите не чувствуваат притисок, но, сепак, убаво е да ги потсетиме дека јавноста сепак бара победи.
„Не чувствуваме притисок. Задоволен сум од тоа што го работиме на тренинзите.Задоволен сум од концентрацијата и залагањето на фудбалерите. Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација. Лихтенштајн особено на последните натпревари покажа дека се работи за цврста и добро организирана екипа, ќе треба да бидеме на најдоброто ниво. Денешниот меч е сосема поинаков од сите претходни. Не можеме да се базираме на традиција, според мене ривалот е квалитетен. Нема формалност, мора да одиграме добро за да победиме“, категоричен е селекторот Милевски.
Последната победа на Македонија е остварена на 4.јуни кога го повикавме Казахстан во Скопје на пријателски натпревар (4-0) за да земеме залет за Европското првенство. Последната победа во квалификациите е сензацијата во Дуисбург против Германија (1-2).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
