Без вообразеност и потценување на противникот, но со максимален фокус и огромен мотив да се стигне до триумфот. Репрезентацијата на Македонија денеска (18 часот) го пречекува Лихтенштајн на Националната Арена „Тодор Проески“ и размислува единствено за трите бода. Со нив, нашиот национален ќе се врати на првото место во групата Ј по пет кола од квалификациите за СП 2026.
Свесни за сопствениот квалитет, избраниците на селекторот Благоја Милевски знаат дека ќе биде тешко сѐ додека не се отвори резултатот против селекцијата на Лихтенштајн, за која не е тешко да се претпостави дека ќе дојде да се брани во Скопје.
„Нѐ очекува тежок натпревар, така беше и во Вадуц сѐ додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува и знаеме што треба да направиме. Најважни се трите бода и решени сме да ги освоиме, затоа што знаеме дека ни значат многу за да го завршиме и овој прозорец на првото место. Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, а победата е нашата единствена цел“, изјави капитенот Енис Барди.
Македонија во Вадуц го победи Лихтенштајн со 0-3, ова ќе биде втора наша пресметка со ривалот кој досега има четири порази од четири натпревари и гол – разлика, 0-14.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













