
Македонскиот фудбал, согласно најновите промени во европските клупски натпреварувања и воведувањето на третото по квалитет натпреварување – Лигата на конференции, и дефинитивно од сезоната 2021/2022 нема да има свој претставник во Лигата на Европа.
Според најновите одлуки на УЕФА, а согласно ранкингот на УЕФА листата, Македонија нема да може да има претставник во Лигата на Европа. Македонија во моментов, според резултатите на нашите клубови изминативе пет години на европската сцена, е на 39. место од 53 земји членки на УЕФА, што е далеку од неопходната 15-та позиција за да има место во Лигата на Европа. Токму поради тоа, второпласираната и третопласираната екипа од првенството во сезоната 2020/2021 како и победникот во Купот на Македонија од таа сезона ќе играат во третото по квалитет натпреварување – Лигата на конференциите, и тоа од првото квалификациско коло.
Останува за македонскиот фудбал единственото место и за шампионот во квалификациите од Лигата на шампионите, кој ќе стартува од првото квалификациско коло.
Согласно најновата клупска ранг листа на УЕФА, Шкендија е најдобропласирана македонска екипа на 158. место. Вардар е на 239. место а Работнички е на 334. место. Шкупи е на 380-та позиција, а Академија Пандев, Македонија ЃП, Пелистер, Силекс и Ренова се на делба на 411. место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
