Connect with us

Македонија на тест со Саудиска Арабија: Секој меч во националниот тим е обврска и привилегија

Фудбалската репрезентација на Македонија на стадионот на Викторија Жижков во Прага (17 часот) ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија. Ќе биде тоа убава можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на неговите избраници непосредно пред квалификацискиот меч против Лихтенштајн кој следи за три дена (07.септември) во Скопје.

Селекцијата на Саудиска Арабија е учесник на мундијали, ривал што заслужува максимален респект.

„Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн. Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот. Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус“, посочи селекторот Благоја Милевски.

За репрезенативците, секој меч во националниот дрес е посебен и му приоѓаат со огромен мотив. Го потенцираше тоа и Ељиф Елмас.

„Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн“, вели Елмас, кој е максимално фокусиран на националниот тим откако го заокружи својот трансфер во Наполи.

Натпреварот меѓу Македонија и Саудиска Арабија почнува од 17 часот, на стадионот на Викторија Жижков во Прага. Во меѓусебните дуели, подобри се Саудијците, со една победа и едно реми.

Фото: ФФМ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови