Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат селекциите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и на Лихтенштајн, во групата Ј со шест селекции.
Првпат во историјата ќе имаме дуели со Германците, но затоа Ерменија и Лихтенштајн повторно ни се квалификациски „другари“.
Мечевите ќе се играат следната година, најдобрите селекции од групите ќе обезбедат пласман на мундијалот, а второпласираните ќе разигруваат за дополнителни три места на СП 2022.
Даниеле Де Роси, поранешниот италијански репрезентативец, и Рафаел ван дер Варт, екс холандскиот репрезентативец, асистираа при денешниот ждреб.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












