Connect with us

Македонија ЃП ремизираше со Ингулец

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП ремизираше (1-1) на пријателскиот натпревар против украинскиот тим Ингулец на подготовките во Банско. Тимот на Александар Таневски беше рамноправен ривал и создаде неколку можности пред противничкиот гол, но реализира само една.

Самир Фазли стрелаше за „лавовите“ во 25.минута, а Македонија ЃП имаше минимално водство на полувремето. Ингулец успеа да израмни во 76.минута од овој дуел.

Претходно, Македонија ЃП ремизираше 2-2 против Нефтохимик и го совлада Работнички со 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови