Македонија ЃП славеше против Академија Пандев со 1-0, со гол од пенал во 100.минута што го реализира Дејан Блажевски. Бојан Најденов ихраше со рака во шеснаесетникот, а Блажевски погоди од белата точка. Сепак, овој меч ќе остане запаметен по неверојатниот момент во 66.минута, кога Стефан Костов играше со две топки на теренот. Едната ја имаше во раце и со неа ја удри топката по која трчаше во дуел со противнички фудбалер. За тоа заработи црвен картон, а неговите соиграчи негодуваа на судиската одлука.
Марјан Маркоски се повреди, во тие моменти судеше четвртиот судија Благојче Ралевски, а во финишот не успеа да види и дека Бојан Најденов играше со рака во шеснаесетникот. Сепак, по консултации со првиот судија Марјан Маркоски, беше досуден пенал, а во гол и победа во 100.минута го претвори Дејан Блажевски.
Претходно, двете екипи ја гаѓаа рамката од противничкиот гол. Томе Китановски го погоди дирекот со шут од 25 метри во 32.минута, а во вториот дел Кристијан Костовски ја погоди гредата од голот на Македонија ЃП. Во финишот уште еднаш се затресе гредата од голот на Чубраковиќ, шанса за Академија Пандев имаше и нововлезениот Ндуе Мујеци, а на крајот сепак славеа „лавовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













