Македонија Ѓорче Петров официјално ги промовираше првите две засилувања за пролетниот дел од шампионатот.
Повратник во клубот е крилниот офанзивец Филип Петров кој доаѓа од редовите на велешки Борец, а претходно во кариерата има настапи и за Вардар, Тетекс, Пелистер а има настапи и за српскиот прволигаш Јавор Ивањица.
Второто засилување е бугарскиот дефанзивец Мартин Ковачев кој доаѓа од Дунав Русе, а претходно има настапи и за битолски Пелистер каде соработуваше токму со актуелниот шеф на стручен штаб на Македонија ЃП, Наџи Шенсои.
„Дојдов за успех, не само да помине сезоната. Целите на клубот се јасни, се освен Европа ќе биде неуспех!“ – истакна Ковачев по промоцијата во дресот на „лавовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













