Connect with us

Македонија ЃП има верба во домашниот терен пред денешната пресметка со Брера

Македонија ЃП денеска, во рамките на шестото коло од Прва МФЛ, на домашен терен ја пречекува екипата на АП Брера, дуел во кој „лавовите“ имаат императив од повеќе аспекти.

Македонија ЃП на стартот од шампионатот не ги освои посакуваните бодови, имајќи и тежок распоред со натпревари против фаворитите. Од друга страна, АП Брера не спаѓа во таа категорија, бидејќи струмичани се мачат и на резултатски и на играчки план. Конечно, домашниот терен во Прва МФЛ отсекогаш бил и ќе биде предност за секоја екипа, во секоја ситуација.

„Првенството е на самиот почеток и има уште многу за играње. Можеби досега резултатски не направивме голем успех, но играта, а пред сè тимскиот дух, од натпревар во натпревар се движи во нагорна линија. Имаме еден од поквалитетните ростери во лигата и убеден сум дека допрва доаѓа најдоброто од Македонија ЃП оваа сезона“, вели голманот на „лавовите“ Ристе Јанков.

„Со Вардар одигравме одличен меч. И покрај тоа што игравме против еден од најквалитетните тимови во лигата, покажавме дека Македонија ЃП во ниту еден момент не отстапува од своите принципи, да игра офанзивен, модерен фудбал. Впрочем, Прва МФЛ е интересна токму затоа што секој може да победи секого. Фаворити постојат само на хартија. Брера е квалитетен противник, но ние имаме ист пристап на секој натпревар, уживање во играта и максимална борба за победа“, вели поранешниот репрезентативец на Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови