Најпријатното изненадување по првиот дел од шампионатот, тимот на Македонија Ѓорче Петров, и дефинитивно останува без робусниот напаѓач Абдул Басит Калид. Тој заминува во првакот на Тунис, Есперанс, откако клубот официјално го означи неговиот трансфер.
Абдул Басит Калид беше еден од најквалитетните напаѓачи во Првата фудбалска лига изминатата есен и заедно со Дембо Дарбо, кој од Шкупи замина во Шахтар Салигорск, успеа да направи трансфер.
24-годишниот Калид постигна девет гола на 15 натпревари во есенската полусезона во дресот на Македонија ЃП. Тренерот Жикица Тасевски и раководството на „лавовите“ ангажираа двајца нови напаѓачи во овој преоден рок, Самир Фазли и Изет Ајрулаху.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













