Connect with us

Македонија ЃП го доведе Али Адем

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП го засили својот тим со поранешниот младински репрезентативец Али Адем. Тој доаѓа во Ѓорче Петров како засилување за средниот ред, откако одбраната ја засили искусниот Кире Ристевски, кој е позајмен од Струга ТЛ.

Станува збор за 24-годишен дефанзивен играч за врска кој пристигнува од Шкупи, каде што како капитен ја заврши својата трета епизода во клубот од Чаир. Ѓорчепетровци очекуваат неговото искуство да донесе стабилност во борбата за опстанок, додека за чаирчани ова претставува уште еден голем удар, имајќи предвид дека клубот и онака се соочува со сериозни проблеми.

Македонија ЃП по првите две кола во новата сезона сè уште е без освоени бодови, а првата шанса за позитивен резултат ќе ја има на претстојниот дуел со Силекс.

Али Адем својата професионална кариера ја започна во Вардар, а потоа играше и за грчките клубови Арис и Верија, како и за албанскиот Фљамуртари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови