Фудбалската репрезентација на Македонија на 20 ноември, два дена по натпреварот со Велс во Кардиф, последен од квалификациите, ќе ги дознае и ривалите во баражот за пласман на Светското првенство.
Жрепката за квалификациските турнири за пласман на Светското првенство 2026 и европските плеј-оф натпревари ќе се одржат во седиштето на ФИФА во Цирих, Швајцарија, во четврток, на 20 ноември 2025 година. Два дена по натпреварот меѓу Велс и Македонија во Кардиф, нашиот национален тим ќе ги дознае и ривалите преку кои ќе мора да помине доколку сака да се најде на претстојниот Мундијал.
Оваа жрепка ќе го одреди патот што 22-те селекции, шест преку плеј-оф турнирот и 16 преку европските плеј-оф натпревари, треба да го поминат за да обезбедат место на првото Светско првенство со 48 репрезентации, кое ќе се одржи во Канада, Мексико и САД од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Жрепката ќе се одржи в четврток, со почеток во 13 часот во Цирих.
Следното издание на ФИФА ранкингот ќе биде објавено на 19 ноември 2025 за да се обезбеди правилно спроведување на жрепката.
28 селекции веќе обезбедија место на Светското првенство, додека уште 14 нации – три од КОНКАКАФ и 11 од УЕФА, ќе се квалификуваат преку конфедерациските квалификации овој месец.
Ноемврискиот термин ќе го одреди и кои тимови од АФК, КАФ и КОНКАКАФ ќе се приклучат на националниот плеј-оф турнир на ФИФА со шест селекции, заедно со Боливија (КОНМЕБОЛ) и Нова Каледонија (ОФК), како и 16-те репрезентации што ќе се натпреваруваат во европските плеј-оф натпревари во периодот од 23 до 31 март 2026 година.
Плеј-оф турнирот на ФИФА ќе има две финалиња, каде победниците од полуфиналните натпревари меѓу селекциите неносители ќе се соочат со селекции носители. Победниците ќе обезбедат две места за Светското првенство 2026.
Европските плеј-оф натпревари ќе ги сочинуваат 12-те второпласирани репрезентации од групите и четирите најдоброрангирани победници од секциите на УЕФА Лига на нации. 16-те тимови ќе бидат поделени во четири плеј-оф патеки по четири тима.
Натпреварите ќе се играат во полуфиналиња и финалиња по еден натпревар за да се одредат последните четири европски учесници на Светското првенство 2026.
Фото: ФФМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













